Соопштенија
Продлабочување на соработката со регионот Долна Нормандија
На 3-ти април 2012 година (вторник), Општина Велес ќе биде домаќин на Средишниот управен одбор во рамките на Програмата за децентрализирана соработка Република Македонија - Регион Долна Нормандија, Република Франција. На средбата на членовите на Управниот одбор кој ќе биде посветен на петата година од соработката ќе присуствуваат Надеж Леклуз, шеф на Одделот за соработка и мобилност, регион Долна Нормандија, Република Франција, претставници на Амбасадата на Република Франција и членовите на Управниот одбор од Република Македонија - претставници на асоцијации и здруженија на граѓани вклучени во програмата на оперативно ниво.
Настанот е во организација на АЛДА – Македонија која ја координира соработката со регионот Долна Нормандија и Дирекцијата за европски прашања и меѓународни односи- Одделение за меѓународна соработка и мобилност на Регионот Долна Нормандија, во соработка со Општина Велес. Општина Велес како седиште на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство е вклучена во оска 3 од Програмата за децентрализирана соработка која ја опфаќа заштитата на архитектонското наследство.