Соопштенија

„Франкофонијата и демократијата“ - покана

Франкофонски круг од Скопје, во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, ве поканува на конференцијата насловена „Франкофонијата и демократијата“. Конференцијата е во рамките на проектот за развој на демократијата што го води Франкофонски круг, а кој има за цел запознавање на македонската јавност со практицирањето на демократијата, човековите права и слободи во франкофонскиот простор, преку промоција на Декларацијата од Бамако. Конференцијата ќе се одржи на 6 април 2012 година (петок) во Салата на општината со следниот дневен ред:

10,30 - Отворање на Конференцијата;
10,40 - Поздравно обраќање на градоначалникот на Велес г. Горан Петров
10,50 - Поздравно обраќање на г. Жералд Делез, советник/заменик шеф на мисија во Амбасадата на Швајцарија во Скопје;
11,00 - Амбасадор Благој Зашов: „Република Македонија и Франкофонијата во светлината на Декларацијата од Бамако“;
11,45 - Пауза
12,00 - Проф. Д-р Жидас Даскаловски: „Толеранција, малцински права и решавање на конфликти“, (точки 16, 19, 24 од Декларацијата од Бамако);
12,45 - Дискусија    
13,00 - Д-р Марија Ристеска: „Принципи на транспарентност и контрола на независни тела и јавно приватни партнерства.“ (точки 4, 5, 20, од Декларацијата од Бамако);
13,45 - Дискусија
14,00 - Коктел

На конференцијата се поканети да присуствуваат млади правници, економисти, политиколози, студенти, франкофони, претставници на државни и судски органи, и други заинтересирани за развојот на демократијата, човековите права и правната држава во Република Македонија. Франкофонски круг - Скопје

Претседател,
Благој Зашов