Соопштенија
ПОВТОРЕН ОГЛАС за издавање под закуп на недвижен имот - Градски базен
Врз основа на член 3 од Одлуката за издавање под закуп на недвижен имот-објект Градски базен бр. 07-7055/4 од 29.12.2011година, донесена од Советот на Општина Велес Комисијата за спроведување на постапка за издавање под закуп на недвижен имот- Градски базен на Општина Велес,објавува
ПОВТОРЕН ОГЛАС за издавање под закуп на недвижен имот - Градски базен
Предмет на овој Оглас е издавање под закуп на надвижен имот -објект Градски базен со придружни простории и опрема.
Објектот се наоѓа на ул.„Алексо Демниевски”во Велес на КП 1798, со површина од 6.796 м2 заведен во ИЛ бр. 23410, сопственост на Општина Велес.
Издавањето под закуп на објектот се врши за период од 10 (десет) години.
Комисијата ја спроведува постапка по пат на прибирање на затворени понуди. Годишната цена на закупнината ќе се утврди со доставување на понуда од страна на заинтересирани правни и физички лица.
Заинтересираните лица можат да го видат објектот,секој работен ден од 7.30 ч до 15,30ч, по претходна најава до Комисијата, како и да се запознаат со правата и обврските што ќе следат по договорот.
Почетната цена на закупнината изнесува 400.000,оо денари годишно. Цената која ќе биде утврдена како цена за закупнината-годишно, а ќе се добие по отварањето на понудите, ќе биде уплатена за првата година веднаш, додека за останатиот период закупнината ќе биде уплатувана однапред за годината која следува до 31 јануари од тековната година.
Прибирањето на понуди ќе се врши во затворени плика кои треба да бидат доставени до Комисијата за спроведување на постапка за издавање под закуп на недвижен имот – Градски базен во Општина Велес.
Доколку се утврди дека при отварањето на понудите и проверката на комплетната документација, две понуди имаат иста цена, тогаш право не предимство при избор има понудата која е порано доставена.
Начин на доставување на понудата
Понудата да биде доставена во затворен коверт, на кој во левиот горен агол ќе стои “не отварај” и бројот на огласот. Во средината на ковертот да се назначи точната адреса: Општина Велес за „Комисија за спроведување на постапка за издавање под закуп на недвижен имот- Градски базен“, ул.„Панко Брашнар“ бр. 1 Велес.
Понудите се доставуваат во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на понудувачот. Ковертот не смее да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот - понудувачот.
Кон понудата требе да се достави:
1.Секој заинтересираниот понудавач треба да достави План и програма за одржување на објектот и за работа за периодот на издавање на објектот под закуп и
2.пријава за физичко лице: име и презиме, број на лична карта и ЕМБ на физичко лица и доказ за поседување на имот во вредност од 1 милион денари;
3.за правни лица:
- пријава со податоците за назив и седиште на правното лице, жиро сметка, ЕДБ, депонентна банка и овластено лице;
- извод од регистрација на дејност ДРД образец;
- изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција или перење на пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврди за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган;
- уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција-забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност;
- за економската способност треба да достават Биланс на состојбата од Централен регистар и да имаат остварено вкупен промет годишно од 1 милион денари во последните три години.
(документите од точка 3, алинеа 1,2,3,4 и 5, не смеат да бидат постари од 6 месеца).
Понудата треба да ги содржи сите податоци назначени во огласот(точка 1, 2 и 3).
Некомплетната понуда нема да биде предмет на разгледување од Комисијата.
Рок на доставување на понудата е 15 (петнаесет) дена сметано од денот на објавувањето на огласот.
Јавното отварање на понудите ќе се врши на 24 април 2012 година, во 12:00 часот во просториите на Општина Велес.
Само понудувачите кој доставиле своја понуда имаат право да присуствуваат на јавното отварање на понудите.
Претставниците на правните лица на јавното отварање потребно е да се легитимираат со овластување од понудувачот, додека физичките лица со достава на лична карта или пасош.
Комисијата по отварањето на понудите, ќе изврши проверка на доставената документација кон понудата и во рок од 5 дена од отварањето на понудите, понудувачите ќе бидат известени за извршениот избор.
Со понудувачот кој ќе биде избран за најповолен закупувач ќе се склучи договор во кој ќе бидат регулирани сите права и обврски на двете договорни страни. Избраниот понудувач е должен по потпишувањето на договорот во рок од 3 (три) дена да го уплати целиот изност на утврдената цена-годишна закупнина, во спротивно го губи правото на закупувач и договорот ќе се смета дека не е потпишан. Во овој случај договорот ќе биде понуден на второ рангираниот понудувач. Дококлу не се постигне договор и со второ рангираниот понудувач, ќе се смета дека не е извршен избор и постапката ќе се продложи согласно одредбите од законот кој ја регулира оваа материја.
Заинтерсираните понудувачи –пријавата за учество можат да ја подигнат од Општинскиот центар за услуги при Општина Велес или да се превземе од веб страната http:// uslugi.veles.gov.mk
Подетални информации заинтересираните лица можат да добијат на тел:043 232 406 локал 108 или 109
Број 02-2021/1
06.04.2012 година
Велес
Општина Велес
Комисија за спроведување на постапка
за издавање под закуп на недвижен имот-Градски базен