Соопштенија

Запишување на учениците во прво одделение и прва година во учебната 2012/2013 година

Согласно член 46  и 47 од Законот за основното образование („Сл. весник на Република Македонија“ бр.103/08 година) и член 10 од Законот за просветната инспекција („Сл. весник на Република Македонија“ бр. 52/05) , им се соопштува на  сите родители дека во месец мај 2012 година ќе се врши упис на учениците во прво одделение во сите општински основни училишта. Запишувањето на учениците во прво одделение е задолжително за сите деца кои се родени од 01.01.2006 до 31.01.2007 година. Задолжителното образование е за децата кои до крајот на  календарската  година ќе наполнат шест годишна возраст. Уписите ќе се обавуваат во сите општински основни училишта согласно местото на живеење на ученикот. Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. Родителот, односно старателот на детето е должен да го запише детето во основно училиште и е одговорен за неговото редовно посетување на наставата. При запишувањето  во прво одделение во училиштето треба да дојдат родителот или старателот заедно со детето. Задолжително со себе да понесат извод од матичната книга на родените, потврда за примените задолжителни вакцини и потврда од извршен стоматолошки преглед за детето. Подетални информации може да се добијат од педагошко -психолошките служби во општинските основни училишта.

Запишувањето во општинските средни училишта во учебната 2012/2013 година ќе се врши под услови и на начин утврден со Законот за средното образование и Законот за стручно образование и обука. Пријавувањето и запишувањето на учениците во прва година на средното образование се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот  уписен рок. Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок е на 14 и 15 јуни 2012 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2012 година. Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците е на 27 и 28 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2012 година. Пријавување и запишување на учениците во августовскиот рок се врши на 16 август 2012 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 17 август 2012 година. Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места продолжуваат со запишување на учениците до 31 август 2012 година.


Општина  Велес