Соопштенија

Реконструкција на градските украсни фонтани

Фонтана "Младински парк" и фонтана "Авона - Кенгур"

По неколку годишно работење на градските украсни фонтани, се превземаат одредени активности за санирање на проблемите во однос на градежниот, машинскиот и електрички дел.

На Фонтана „Младински парк“ ќе се вршат градежни зафати околу поправка на подните и ѕидни површини со фарбање од внатрешна и надворешна страна. Од машински и електричарски работи ќе се изврши сервисирање на електромотори, филтерски пумпи и пумпи за слап, топови и рингови, како и поставување на нови дизни. Исто така ќе се поправи и осветлувањето на ринговите, топовите и слаповите.

На Фонтана „Авона – Кенгур“ ќе се вршат градежни зафати околу поправка на оштетените подни и ѕидни плочки, како и изведба на подна облога во машинската просторија. Од машински и електричарски работи ќе се изврши сервисирање на електромотори и пумпи за топ, лепези и рингови, како и поставување на нови дизни. Исто така ќе се поправи и осветлувањето на ринговите, топовите и лепезите.

Предвидено е градежно-машинските и електричарски работи да се изведуваат во периодот од 10.05.2012 год до 20.05.2012 година. Поради тоа ги информираме сите корисници на јавнoпрометните површини околу Фонтана „Младински парк“ и Фонтана „Авона – Кенгур“,  дека не се препорачува движење и користење на просторот околу фонтаните да не дојде до несакани последици.