Соопштенија

MOTO BEACH PARTY ПО ТРЕТ ПАТ ВО ВЕЛЕС

На 12 мај (сабота) Велес повторно ќе биде центар на бајкерите од Македонија и околните земји. Со дефиле низ велешките улици на релација Езеро Младост – Трговски центар – Плоштад Македонија – ул. „Алексо Демниевски – Бауман“- Езеро Младост, ќе започне повеќечасовното дружење на кое и оваа година мотото ќе биде „Носи кацига - биди безбеден“.
На истата локација како и претходните години, брегот на Езерото Младост пред хотел „Романтик“, ќе се одржи целовечерен рок концерт на кој ќе настапат  „Crossroad blues band “ и „Day Off“, професионален DJ и неколку велешки групи. Манифестацијата е дел од Програмата за култура на Општина Велес, а организатор е Мото клубот „Носачи на крстот“.

Бидете дел од овој несекојдневен настан!