Соопштенија

Велес во знакот на франкофонијата

На ден  12.05.2012 (сабота),  Велес ќе биде домаќин на претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија. Во рамките на настанот насловен „Франкофонски излет“  кој го организира ЗГ „Франкофонски круг“- Скопје во соработка со Општина Велес, амбасадорите на земјите членки на ЕУ кои зборуваат француски јазик ќе остварат заедничка средба во Велес и ќе ги посетат културните знаменитости на градот и регионот.