Соопштенија

Соопштение за стручна расправа по предлог измена и дополнување на ГУП за Велес УЕ2 блок 2, плански период 2012-2022

Врз основа на член 23 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ број 51/05,137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

СТРУЧНА РАСПРАВА

за Предлог Изменувањето и дополнувањето на Генералниот урбанистички план за Велес, УЕII,  блок 12  Општина Велес, плански период 2012-2022


Површината на планскиот опфат се наоѓа во северниот дел на градот Велес. Теренот е рамен, и во најголем дел е неизградено земјиште и лоши пристапи.

Граници на опфатот се:

• на север  границата на планскиот опфат се движи по северната граница на катастарската парцела КП 15661/1 и по северната граница на катастарската парцела КП 1607
• на југ границата се движи по јужната граница на катастарската парцела КП 15900 и по јужната граница на катастарската парцела КП 15744.
• на исток границата на планскиот опфат се движи по источната граница на катастарската парцела КП 1607 и продолжува низ катастарската парцела КП 16827.
• на запад границата на планскиот опфат се движи по осовината на улицата “Скопски Пат”.
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 28,68 ha.
        
Предлог Изменувањето и дополнувањето на Генералниот урбанистички план за Велес, УЕII,  блок 12  Општина Велес, плански период 2012-2022 ќе биде изложен во просторија во Општина Велес на ден 23.05.2012 година.
Предлог планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
Стручната расправа ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 23.05.2012 година (среда) со почеток во 12.00 часот.
      

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров