Соопштенија

Соопштение за бесплатна обука во рамки на проект „Како да најдам работа и да ја задржам?“

 

Научете како да се издвоите од толпата кандидати и да го добиете посакуваното работно место! Преку интерактивни предавања и практични примери секој посетител ќе добие увид во можностите кои ги има, способностите и вештините со кои располага и како може да ги искористи во обезбедување на работно место, составните елементи на добро изготвено CV и Мотивационо Писмо. Посебен модул ќе биде оставен за практично запознавање со начинот на селекција на кадар кои компаниите го користат. Учесниците на обуката теоретски и практично ќе добијат увид во процесот на интервју, како и во важноста на тимската работа, комуникациските вештини и навики како клучен елемент за задржување на работното место. Обуката е бесплатна!

Пријавете го Вашето учество на 078 392 252 или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Проектот е имплементиран од Gestalt Solutions д.о.о., финансиран од Royal Norwegian Embassy - Скопје и поддржан од Општина Велес.