Соопштенија

КОНКУРС за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на спортската манифестација Вардарска регата „Гемиџии“ на здружение на граѓани

Врз основа на Одлуката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на спортската манифестација Вардарска регата „Гемиџии“ на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.6/12) и член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на спортската манифестација Вардарска регата „Гемиџии“ на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.7/12),   Градоначалникот на Општина Велес, распишува 

КОНКУРС за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на спортската манифестација
Вардарска регата „Гемиџии“  на здружение на граѓани

Право на учество на конкурсот имаат здруженија на граѓани од областа на спортот кои ги негуваат историјата, традицијата и културните вредности на Велес.
Се делегираат надлежностите од областа на спортот предвидени во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади што се однесуваат на спортската манифестација Вардарска регата „Гемиџии“.
Обврска на Здружението на граѓани е во целост да ја испланира, организира, реализира и менаџира спортската манифестација Вардарска регата „Гемиџии“ .
Финансиската конструкција за реализација на делегираната надлежност е содржана во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади за спортската манифестација Вардарска регата „Гемиџии“.
Кон  пријавата здружението на граѓани треба да приложи:
1. Акт за регистрација на здружението издаден од Централен регистар со прилог Програма за вршење на јавни овластувања.
2. Полн назив и адреса на субјектот што ќе ги реализира активностите од делегираната надлежност;
3.Детален опис на активностите, носители и рокови за реализирање на делегираните надлежности (Програма за реализирање на делегираната надлежност);
4. Финансиска структура на активностите;
5. Име, презиме и матичен број на лицата ангажирани во реализирање на делегираните надлежности, нивна квалификациона структура и професионално искуство;
6. Име, презиме и контакт телефон на одговорното лице за реализација на делегираните надлежности.

За меѓусебните  права, обврски и одговорности за реализација на делегираните надлежности помеѓу Општина Велес и здружението на граѓани ќе се склучи договор, согласно Законот за облигационите односи.
Заинтересираните здруженија пријавите со горе наведените прилози може да ги достават до Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на Конкурсот во архива или по пошта на адреса: ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес, со назнака за „Комисија за делегирање надлежности за организирање и реализирање на спортската манифестација Вардарска регата „Гемиџии“ . 
Пријавите со непотполна документација и доставени после предвидениот рок, нема да бидат разгледувани.
Сите заинтересирани здруженија на граѓани подетални информации за објавениот конкурс можат да добијат во Општина Велес на тел. 232-406 локал 115.

Градоначалник
на Општина Велес,
Горан Петров