Соопштенија
Повик за прибирање понуди за изведба на водоснабдителна мрежа на езеро Младост – Општина Велес
Република Македонија
Проект за Подобрување на Општински Услугите - МСИП
Кредит Бр. 7699-МК
NCB 007-10
1. Овој Повик за Понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена електронски на 06 Јануари, 2010 година.
2. Република Македонија доби Кредит од Меѓународната Банка за обнова и развој, за Проектот за подобрување на општински услугите и има намера дел од добиените средства од овој Кредит да искористи за плаќањата по Договорот за набавка на градежни работи.
3. Општина Велес ги повикува подобните и квалификуваните понудувачи да дадат запечатени понуди за изведба на водоснабдителна мрежа на езеро Младост – Општина Велес.
Периодот за испорака/изведување на работите е 6 (шест) месеци.
4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, (од Мај 2004 и ревидирано во Октомври 2006 Мај 2010), и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 15:30:
Општина Велес
Адреса: ул. Панко Брашнар бр. 1, Велес
Поштенски фах:
Тел: 043 232 406 / факс 043 232 966
Електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Република Македонија
6. Бараните квалификации вклучуваат:
- Финансиска ситуација: Потребниот просечен годишен финансиски износ на градежни работи во последните три години не треба да биде помалку од: 95.000.000,00 МКД.
- Минималниот износ на тековни средства и/или кредитни средства намалени за тековните договорни обврски на најповолниот понудувач ќе биде 10,500.000,00 МКД.
- Општо искуство: Искуство по договори во улога на изведувач, подизведувач или менаџер - изведувач најмалку пет години.
- Посебно искуство: Успешно искуство во градежни работи и најмалку 3 (три) успешно завршени договори во последните 3 (три) години на слични работи во изведба на водоснабдителни системи.
- Максималниот процент за подизведување е: 10%. Повеќе детали за бараните квалификација се дадени во Тендерската документација
7. Комплетна Тендерска документација на Македонски Јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 6,000.00 МКД денари. Методот на плаќање ќе биде преку PP50 образец, на следнава сметка:
Име на крајниот корисник: Трезорска Сметка
Банка депонент: Народна Банка на Република Македонија
Број на Трезорска Сметка: 100000000063095
Буxетска корисничка сметка: 711014100963010
Приходно конто: 725939
Тендерската документација ќе биде доставена по пошта или може да се добие директно од Општина Велес.
8. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00 ч, пладне на 27 Јули, 2012. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, на 27 Јули, 2012.
9. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска Гаранција од 1.300.000,00МКД.
10. Адресата спомената погоре е:
Општина Велес
Адреса: ул. Панко Брашнар бр. 1, Велес
Поштенски фах:
Република Македонија