Соопштенија
Соопштение за јавна презентација и јавна анкета по Државна урбанистичка планска документација за изградба на на фабрика за собирање, складирање и обработка на опасен отпад и производство на дизел гориво на КП 1911 КО Оризари - општина Велес
Бр. 16-15209/4
Датум: 28.06.2012 година
Врз основа на член 24 став 11 и член 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), Министерот на Министерството за транспорт и врски донесе:
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат граѓаните и правните лица од опфатот на Државната урбанистичка планска документација дека Министерот за транспорт и врски донесе Решение за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО:
- Државна урбанистичка планска документација за изградба на на фабрика за собирање, складирање и обработка на опасен отпад и производство на дизел гориво на КП 1911 КО Оризари - општина Велес
Границата на планскиот опфат е дадена во графичкиот прилог.
Опфатот е со површина од 1,00 ха.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на општина Велес, на ден 03.07.2012 година во 12,00 часот.
Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 03.07.2012 година до 09.07.2012 година.
Државната урбанистичка планска документацја ќе биде изложена во просториите на општина Велес, 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето, секој работен ден од 10-15 часот, односно од 03.07.2012 година до 09.07.2012 година.
Контакт телефон 043 232 966 – општина Велес.
Заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планската документација можат да учествуваат во Јавната презентација и Јавната анкета, а во времетраење на анкетата ќе можат да ги дадат своите забелешки, предлози и мислења.
Министер
Миле Јанакиески