Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - второ авионско третирање против комарци.

Општина Велес ја информира јавноста дека на ден 05.07.2012 година (четврток) ќе се спроведе второто авионско третирање против комарци. Авионското треторање ќе започне  во   05.00 часот наутро и ќе трае  до 06.30 часот.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег како и рекреативниот центар “Езеро Младост” со непосредната околина. Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката Киро Ќучук, Башино село и Езеро Младост.Границата на третирањето започнува на исток од Башино село, преку автопатот Скопје-Велес до патниот јазол за приклучување на патот за Штип, преку автопатот Скопје – Гевгелија, се до кланицата АГРИА.