Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - реконструкција на завршниот слој на улицата „Вера Циривири“

Почитувани граѓани,

Почнувајќи од 19.07. 2012 година (четврток), Општина Велес ќе започне со реконструкција на завршниот слој на улицата „Вера Циривири“.  Реконструкцијата ќе опфати демонтажа на постоечките камени коцки и замена на завршниот слој со префабрикувани бетонски елементи. Реконструкцијата ќе се одвива во 3 фази:

  • Првата фаза ќе го опфаќа делот од улицата „Вера Циривири“ од спојот со улицата „Киро Рогужаров“ до спојот со улицата „Ѓорги Димитров“.
  • Втората фаза ќе го опфаќа делот од улицата „Вера Циривири“ од спојот со улицата „Ѓорги Димитров“ до спојот со улицата „Петар Михов“.
  • Третата фаза ќе го опфаќа делот од улицата „Вера Циривири“ од спојот со улицата „Петар Михов“ до спојот со улицата „Димитар Влахов“. 

Се молат сите граѓани кои имаат сопствени возила, паркирани на улицата „Вера Циривири“, во периодот од 19.07 до 10.08. 2012 година, времено да ги отстранат возилата до завршување на градежните работи.

Општина Велес Ви благодари на разбирањето