Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - увид во урбанистичкиот план вон населено место за езеро Младост на локалитет КО Башино Село и дел од КО Отовица
Врз основа на член 69 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11), Општина Велес ја информира јавноста дека урбанистичкиот план вон населено место за езеро Младост на локалитет КО Башино Село и дел од КО Отовица, Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на урбанистичкиот план вон населено место за езеро Младост на локалитет КО Башино Село и дел од КО Отовица, Општина Велес се достапни за увид на заинтересираната јавност.
Урбанистичкиот план вон населено место за езеро Младост на локалитет КО Башино Село и дел од КО Отовица, Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на урбанистичкиот план вон населено место за езеро Младост на локалитет КО Башино Село и дел од КО Отовица, Општина Велес ќе бидат изложени во Граѓанскиот сервис центар од 22.08.2012 – 22.09.2012 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот. Целата документација ќе биде достапна и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk. Информации на телефон 043 232 406.
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на урбанистичкиот план вон населено место за езеро Младост на локалитет КО Башино Село и дел од КО Отовица, Општина Велес ќе се одржи на ден 17.09.2012 година (понеделник) со почеток во 13.00 часот во просториите на Општина Велес.