Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - увид во локалната урбанистичка планска документација за К.П. 10705/5 МВ „Дрњевица“ КО Велес, Општина Велес
Врз основа на член 69 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11), Општина Велес ја информира јавноста дека локалната урбанистичка планска документација за К.П. 10705/5 МВ „Дрњевица“ КО Велес, Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на локалната урбанистичка планска документација за К.П. 10705/5 МВ „Дрњевица“ КО Велес, Општина Велес се достапни за увид на заинтересираната јавност.
Локалната урбанистичка планска документација за К.П. 10705/5 МВ ‘’Дрњевица’’КО Велес, Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на локалната урбанистичка планска документација за К.П. 10705/5 МВ ‘’Дрњевица’’ КО Велес, Општина Велес ќе бидат изложени во Граѓанскиот сервис центар од 22.08.2012 – 22.09.2012 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот. Целата документација ќе биде достапна и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk. Информации на телефон 043 232 406.
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на локалната урбанистичка планска документација за К.П. 10705/5 МВ ‘’Дрњевица’’КО Велес, Општина Велес ќе се одржи на ден 17.09.2012 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Велес.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров