Соопштенија

Недела на македонскиот филм

Од вечерва, до 2-ри септември со почеток во 20:00 часот во амфитеатарот во Младинскиот парк започнува „Недела на македонскиот Филм“. Оваа културна манифестација во организација на Кинотека на Македонија, Народниот театар „ЈХК Џинот“ од Велес и Општина Велес се реализира  по повод јубилејот – 60 години Македонски филм. Неделата на Македонскиот филм ќе им овозможи на велешани да се потсетат на антологиските македонски филмови – „Фросина“, Црвениот коњ“., Црно семе“ и др. како и на десетина документарни остварувања што ја презентираат македонската традиција и култура.