Соопштенија

„Папрадишки мајстори“ по осми пат

На 27 август стартува Сликарско - копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“. Во куќите на уметноста – Касапови и Џинот по осми пат ќе се реализира оваа меѓународна манифестација, но за прв пат како делегирана надлежност на здружението на граѓани со исто име „Папрадишки мајстори“. Годинешната колонија брои 24 учесника – 14 во сликарскиот и 10 во копаничарскиот дел од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Русија. Вратите на куќите на уметноста од денес, па се до 5-ти септември кога се затвора колонијата се отворени за јавност.