Соопштенија

Топол културен бран

  • - 29-ти август - 35 години Дуо Рибарски
  • - 30-ти август - Културно - поетска вечер
  • - 8-ми Септември - „Велешки легененди“

 

29-ти август


Во рамките на манифестацијата Топол културен бран, во Ликовниот салон ќе се одржи концерт „35 ГОДИНИ ДУО РИБАРСКИ”. Настапуваат Милица Шперовиќ-Рибарски, пијано Кирил Рибарски, тромбон. Ќе бидат изведени дела од Клод Дебиси, Шопен, Де Феља, Равел, Монти и други светски познати композитори. Концертот е во организација на Народен музеј Велес, а под покровителство на Општина Велес и Министерство за култура.

30-ти август 


Во манифестациите од областа на културата што се дел од Топлиот културен бран е и Културно-поетската вечер што ја организира Литературниот клуб „Кочо Солев Рацин“ заедно со Асоцијацијата на литературни клубови од Македонија. На културно-поетската вечер учествуваат 10 клубови од Македонија претставени со по 2 поета. Овој несекојдневен настан ќе се случи на 30 август (четврток) во 19:00 часот во Младинскиот парк, во непосредна близина на фонтаната.

8-ми Септември


Велешкото културно лето ќе се заокружи со концерт во чест на 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Во Младинскиот парк во 19:00 часот програмата ќе започне со Смотра на староградска песна. Ова проект на Ансамблот „Расеани велешани“, а учествуваат ансамбли што ја негуваат староградската песна од десетина града од Македонија. Во 20:00 часот ќе започне концертот „Велешки легенди“ што четврта година се организира во чест на роденденот на Република Македонија. Годинешната манифестација ќе биде во знакот на „Трио сомбреро“ и легендите Миле  и Печо кои не се веќе меѓу нас.