Соопштенија

Соопштение - презентација на сообраќајна студија

Почитувани,

На ден 12.09.2012  (Среда) во 12.00 часот, во Големата сала на  Општина Велес ќе има презентација на Сообраќајна студија за  дел од улична мрежа за  подрачјето на Општина Велес со варијантни решенија за следните крстосници:

  • Крстосница - меѓу ул.„Благој Ѓорев“, ул.„Тодор Христов Офицерчето“(Народен Фронт), ул.„ 8 Велешка бригада“
  • Крстосница - меѓу ул.Благој Ѓорев, ул.„Наум Наумовски Борче“
  • Крстосница - меѓу ул.„Благој Ѓорев“, ул.„ Васил Ѓоргов“  и нова планирана улица кај новиот театар.
  • Крстосница - меѓу ул.„ Благој Ѓорев“,ул.„Алексо Демниевски - Бауман“ ,ул. „8 Септември“(Маршал Тито)
  • Крстосница - меѓу ул.„Алексо Демниевски Бауман“,ул.„ Наум Наумовски Борче“, ул.„Вардарска“

Исто така ќе има презентација  за ново варијантно сообраќајно решение  на крстосницата,  спој  на  ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Илинденска“ (крстосница кај   Кјуби). Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на оваа презентација и дадат свој придонес.

Со почит,

Градоначалник
на Општина Велес,
Горан Петров