Соопштенија
Меѓународно мото рели - „Независност“
Мотоциклистичката федерација на Република Македонија во соработка со Сојузот на спортови - Скопје и МВР , во чест на 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија организира традиционално мото рели „Независност“. Учесници на релито се над 300 мотористи од Р.Македонија, соседните земји и земјите од Европа. Општина Велес и оваа година е одбрана да биде домаќин на првата етапа од мото релито. Пристигнувањето на караванот во Велес ќе биде на 7.09.2012 во 13.45 во центарот на градот пред споменикот на Велешките илинденци.