Соопштенија

КОНКУРС за доделување Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ (2012)

Општина Велес врз основа на Одлуката на Советот на Општина Велес за востановување на наградата за животно дело „Петре Прличко“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.3/06), а во соработка со Здружението на драмски уметници на Република Македонија „Џинот“ од Скопје  и НУЦК „ЈХК – Џинот“ од Велес, распишува

КОНКУРС
за доделување Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“

ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ
Конкурсот се распишува со цел да се прибават предлози на кандидати за доделување на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.

ПРАВО НА УЧЕСТВО
На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални  институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од Република Македонија.
Кандидатите треба да се професионални драмски актери државјани на Република Македонија.
Приоритет на конкурсот имаат драмските актери од средната генерација.
На конкурсот нема да се земаат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си.
Конкурсот отпочнува на денот на објавувањето, а крајниот рок за доставување на предлози е 19.10.2012 година, најдоцна до 15:00 часот во Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, лично или по пошта.
За предлозите испратени по пошта краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во горе споменатиот рок за предавање.
Прашања во врска со конкурсот можат да се поставуваат писмено (по пошта), лично или на телефон 043-232-406 локал 112  кај лицето Билјана Манаскова.

ПРЕДЛОГ
Предлогот за кандидатот на конкурсот треба да содржи:
- Пријава за кандидатот од предлагачот;
- биографија на кандидатот што ги содржи сите досегашни професионални остварувања во областа на драмската уметност и евентуалните награди и признанија;
- фотографија на кандидатот; и
- образложение од предлагачот за пријавување на кандидатот на конкурсот.

НАГРАДА
На конкурсот се доделува една награда.
Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.

ИЗБОР
Од пријавените кандидати по конкурсот, изборот на добитникот го врши стручна комисија од три члена.
Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот на прес конференција во Општина Велес, најдоцна 5 дена по истекот на рокот предвиден за предавање на предлозите по конкурсот.

Градоначалник
на Општина Велес,
Горан Петров