Соопштенија
СООПШТЕНИЕ за ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за локалната урбанистичка документација за КП10705/5 мв.Дрњевица КО Велес, Општина Велес
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за локалната урбанистичка документација за КП10705/5 мв.Дрњевица КО Велес, Општина Велес.
Вкупната површина опфатена во рамките на парцелата изнесува 0,18 ha.
Локалната урбанистичка документација за КП10705/5 мв.Дрњевица КО Велес, Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 02.10.2011 – 09.10.2012 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 04.10.2012 година (четврток) со почеток во 12.00 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров