Соопштенија
Покана за учество во јавна расправа - нацрт верзија на програмата за поддршка на претприемништвото, семејните и малите бизниси и иновациите
Почитувани,
Согласно програмските активности, Советот на општина Велес на предлог на Градоначалникот усвои нацрт верзија на програмата за поддршка на претприемништвото, семејните и малите бизниси и иновациите. По тој повод Ве поканувамe на јавна расправа по овој документ. Јавната расправа ќе се одржи на 10 октомври, 2012 година (среда) со почеток во 10 часот во просториите на големата сала на општина Велес.
Нацрт верзијата на документот е достапна на следниот линк: Нацрт верзија на програмата за поддршка на претприемништвото, семејните и малите бизниси и иновациите (pdf)
Со почит,
Градоначалник на општина Велес
Горан Петров