Соопштенија

Спортски е да се сади - Ден на дрвото 2012

Се известуваат граѓаните на Велес дека Акцијата „Ден на дрвото 2012“ ќе се реализира на ден 21 ноември, 2012 година (среда), со пошумување на локација Спомен - костурница.

 

Акцијата ќе се изведе на површина од 17,5 хектари.

Поради близината на локацијата, овојпат нема да се организира автобуски превоз.

Место на собирање на сите учесници во акцијата е платото пред костурницата, во 8:30 и 10 часот каде ќе бидат пречекани од водичите од Шумското стопанство „Бабуна“ и упатени на точната локација на пошумување.

Општина Велес ги поканува  граѓаните и овојпат, со  активно  вклучување во акцијата „Ден на дрвото“  да придонесат во создавањето на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации и во битката против глобалното затоплување и климатските промени.