Соопштенија

Покана за јавна расправа за Нацрт-програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2013 година

Почитувани,

Општина Велес и Фондација „Фокус“, ги покануваат претставниците на урбани и месни заедници, како и сите заинтересирани граѓани на Јавна расправа за Нацрт-програмата за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2013 година. Јавната расправа ќе се одржи на 13.11.2012 година (вторник)  во големата сала на Општина Велес со почеток во 17:00 часот.

Нацрт - документот што ќе биде презентиран на Јавната расправа можете да го превземете од следниот линк.

Со почит,

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров с.р.
  Извршен директор
на Фондација „Фокус“
Веса Шкортова с.р.