Соопштенија

Соопштение за јавна презентација и јавна анкета (КО Башино Село, Општина Велес)

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт Урбанистички план вон населено место за проширување и изградба на паркинг за тешки моторни возила и автобуси на станица за снабдување со течни горива и течен нафтен гас на патниот правец А1 (Скопје - Велес), на КП 1042/1, КП 1042/2 дел од КП 1041/3, КП 1044, КП 1548 и КП 958/1, КО Башино Село, Општина Велес

Границите на планскиот опфат се следните:
• Од Север: По граници на катастарски парцели КП 1041/2 и КП 1042/3, 
• Од Исток: По рабна лента на магистралниот пат А1 Скопје – Велес,
• Од Запад: По граница на катастарска парцела КП 1041/1 и продолжува по дел од КП 1548 ,
• Од Југ: По дел од катастарска парцела КП 1548 и по дел од КП 1044

Вака дефинираниот простор за изработка на наведениот плански документ зафаќа  површина од 0,53ha.
        
Нацрт Урбанистичкиот план вон населено место за проширување и изградба на паркинг за тешки моторни возила и автобуси на станица за снабдување со течни горива и течен нафтен гас на патниот правец А1 (Скопје - Велес), на КП 1042/1, КП 1042/2 дел од КП 1041/3, КП 1044, КП 1548 и КП 958/1, КО Башино Село, Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од  16.01.2013 – 30.01.2013 година секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk (превземи)
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 25.01.2013 година (петок) со почеток во 12.30 часот.

      
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров