Соопштенија
Соопштение за јавна презентација и јавна анкета (ДУП УЕ7 УБ39 КП16908)
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Деталниот урбанистички план за ГП 39.1 од генерален урбанистички план на град Велес, УЕ7, УБ39, КП 16908, КО Велес, Општина Велес
Граници на опфатот се оските на улиците :
• Од Исток: по граница на катастарска парцела 16908;
• Од Југ: по осовината на улица “Андо Шурков“;
• Од Запад: по осовината на улица “10“;
• Од Север: по граница на катастарска парцела 16908;.
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 2,13 ha.
Нацрт Деталниот урбанистички план за ГП 39.1 од генерален урбанистички план на град Велес, УЕ7, УБ39, КП 16908, КО Велес, Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 16.01.2013 – 30.01.2013 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk (превземи)
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 25.01.2013 година (среда) со почеток во 12.00 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров