Соопштенија
Соопштение за јавна презентација и јавна анкета (ДУП УЕ7 УБ39)
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Детален урбанистички план за дел од УЕ7, дел од УБ 39 за КП 16914, 16915, 16916 и дел од 16922 КО Велес, Општина Велес
Границите на планскиот опфат се следните:
o од исток: Новопланирана собирна улица по ГУП
o од југ : КП 16912, 16922 КО Велес
o од запад: Железничка пруга Скопје-Битола
o од север : КП 16850, 16853, 16854 КО Велес
Вака дефинираниот простор за изработка на наведениот плански документ зафаќа површина од 2,08ha.
Нацрт Детален урбанистички план за дел од УЕ7, дел од УБ 39 за КП 16914, 16915, 16916 и дел од 16922 КО Велес, Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 16.01.2013 – 30.01.2013 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk (превземи)
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 25.01.2013 година (петок) со почеток во 13.00 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров