Соопштенија
Соопштение за јавна презентација и јавна анкета (Дервенски поток)
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт детален урбанистички план за УЕ9, дел од УБ47 помеѓу ул.„Јане Сандански“, Дервенски поток, ул.„Ордан Џинот“ и ул.„Коце Димов“, плански период 2011 - 2016 Општина Велес
Граници на опфатот се оските на улиците :
• Од исток : ул. Вера Циривири
• Север : Дервенски Поток
• Југ: ул. Ордан Џинот
• Запад : ул. Коце Димов-Витамин
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 0,93 ha.
Нацрт Деталниот урбанистички план за УЕ9, дел од УБ47 помеѓу ул.„Јане Сандански“, Дервенски поток, ул.„Ордан Џинот“ и ул.„Коце Димов“, плански период 2011 - 2016 Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 16.01.2013 – 30.01.2013 година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk (превземи)
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 25.01.2013 година (среда) со почеток во 13.30 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров