Соопштенија
Соопштение за јавна презентација и јавна анкета УЕ11 УБ56 (керамидна)
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Детален урбанистички план за дел од УЕ11 УБ56 помеѓу улици Луј Пастер и Камка Тоцинова КО Велес, плански период (2012-2017) Општина Велес
Границите на планскиот опфат се следните:
• Од исток и север: ул. Луј Пастер
• Од запад и југ: ул. Камка Тоцинова
Вака дефинираниот простор за изработка на наведениот плански документ зафаќа површина од 0,8ha.
Нацрт Детален урбанистички план за дел од УЕ11 УБ56 помеѓу улици Луј Пастер и Камка Тоцинова КО Велес, плански период (2012-2017) Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 13.02.2013 – 27.02.2013 година година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 20.02.2013 година (среда) со почеток во 12.00 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров