Соопштенија
Соопштение за јавна презентација и јавна анкета (макпетрол - автопат)
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Детален урбанистички план за една градежна парцела за постоечка бензинска пумпна станица 072 Велес Општина Велес.
Границите на планскиот опфат се следните:
• На запад, границата се движи по западната граница на катастарската парцела КП15664/1, односно по северните граници на КП15662, КП15662,
• На југ, продолжува по јужната граница на катастарската парцела КП15664/1 односно по северните граници на КП15665, КП15670,
• На исток, границата се движи по источната граница на КП15664/1 и продолжува по осовината на регионалниот патен правец Р1102
• На север, границата се движи по осовината на регионалниот патен правец Р102.
Вака дефинираниот простор за изработка на наведениот плански документ зафаќа површина од 0,71ha.
Нацрт Детален урбанистички план за една градежна парцела за постоечка бензинска пумпна станица 072 Велес Општина Велес. ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 13.02.2013 – 27.02.2013 година година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 20.02.2013 година (среда) со почеток во 13.30 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров
Соопштение за јавност
Постојна состојба
Планирана состојба
Анкетен лист