Соопштенија

Распоред за плакатирање

Градоначалникот на Општина Велес, согласно член 78 од Изборен законик – пречистен текст („Сл.весник на РМ“ бр.54/11), донесе Објава за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнуваат изборни плакати со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања учесници во локалните избори во 2013 година бр. 08-817/1 од 01.02.2013 година.

 

Врз основа на објавата во точка А.Закачување на изборни плакати на електрични столбови, столбови за улична расвета, распоредот на плакатирање на организаторите подносителите на листи пооделно е следниот:

Локациите се групираат во 5 (пет) пооделни делници од повеќе улици во градот и тоа:

1. првата делница ги опфаќа точките А-2 ул.„Петре Прличко“ со 12 столба,    А-3 ул„ Димитар Влахов“ со 26 столба, или вкупно 38 односно, за сите 7 учесници во локалните избори за 2013 година по 5 столба.
Трасата на оваа групирана делница почнува од ул.„ Петре Прличко“ од Стар мост од страната на Детската градинка, преку пазар до Автобуска станица, понатаму од почеток од ул.„Димитар Влахов“ –Жито маркет се до бензинската пумпа на Лук -оил.

2. втората делница ги опфаќа точките А-1 ул.„Алексо Демниевски -Бауман“ од Бензиска пумпа до пошта со 16 столба и  А-9 ул.„Алексо Демниевски-Бауман“ од ф-ка Благој Ѓорев до Железничка станица со 9 столба, или вкупно 25 односно, за сите 7 учесници во локалните избори за 2013 година по 3 столба.
Трасата на оваа групирана делница почнува од ул„ Алеско Деминевски-Бауман“ од почетокот пред пошта и завршува пред Железничката станица.

3. третата делница ги опфаќа точките А-7 ул.„АСНОМ“  со 32 столба и А-8 ул.„Борис Трајковски“ со 16 столба, или вкупно 48 односно, за сите 7 учесници во локалните избори за 2013 година по 6 столба.
Трасата на оваа групирана делница почнува од ул.„ АСНОМ“ од почетокот (пред управната зграда на Жито Вардар) до пред Тополница и потоа продолжува по целата ул.„Борис Трајковски“ започнувајќи од зградата пред ВУК па се до Трговскиот центар до спојот со ул.„Благој Ѓорев“.


4. четвртата делница ја опфаќа точката А-10 ул„Вардарска“  со 30 столба за сите 7 учесници во локалните избори за 2013 година по 4 столба.
Трасата на оваа  делница започнува од бензиската пумпа па се до Шорка.

5. петата делница ги опфаќа точките А-6 ул„Благој Ѓорев“  со 86 столба, А-5 ул.„Страшо Пинџир“ со 3 столба и А-4 ул„Гоце Делчев“ со 7 столба или вкупно 96 односно, за сите 7 учесници во локалните избори за 2013 година по 13 столба.
Трасата на оваа групирана делница почнува од ул„ Благој Ѓорев“ од Тунел 2 па се до Македонска Пошта, па продолжува со почетокот ул.„Страшо Пинџур“ (фонтана) па до крајот на ул.„Гоце Делчев“ (кружен тек).
 
За  точка А-11, А-12, А-13, А-14, А-15 и А-16 од Објавата, плакатирањето ќе се врши по едно место за секој ученик.

Столбовите ќе бидат одбележани со редни броеви од 1 до 7, колку што се учесници на локалните избори за 2013 година.

Редоследот на редните броеви е превземен од извршеното жребување за гласачкото ливче, односно учениците ќе плакатираат на одбележан број кој ќе го означи бројот што го имаат од гласачкото ливче, според ждребувањето од Државната изборна комисија и тоа:

  
Одбележаниот бр. одговара на ждребуваниот бр. подносител на листа
         1                =                 4 (Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и др);
         2                =                 17 (Демократска унија за интеграција);
         3                =                 18 (Социјалдемократска унија);
         4                =                 22 (Демократска партија на Албанците);
         5                =                 65 (Сојуз на Титови Леви Сили);
         6                =                 80 (Демократска обнова на Македонија)
         7                =                 42 (Социјалдемократски сојуз на Македонија и др.).

 
Што се однесува за плакатирањето во делот Б-поставување на монтажно-демонтажни паноа, останува да се почитува наведеното во објавата.

Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров

Број 08-817/2
15.03.2013 година