Соопштенија
Посета на Anfas CityExpo - Mеѓународен саем за просторно планирање, изградба и технологии Анталија, Република Турција (од 17 - 19 април 2013 година)
Стопанската комора на Македонија и Anfas Fair Management & Invesment Inc како долгогодишни партнери организираат заедничка посета на Саемот Anfas CityExpo Exhibition. Минатата година Anfas CityExpo - Саемот за просторно планирање, изградба и технологии, широко ги отвори вратите за излагачите и посетителите со изложба поставена на вкупна површина од 17.000 м2, со учество на 152 компании. Изложбата која беше посетена од страна на 12.320 посетители професионалци во оваа област, го урна и рекордот на посетеност на овој саем кој од година во година е се` со повисоки бројки. Најкарактеристично за овој саем е учеството на претседатели на држави, гувернери, градоначалници, владини институции за урбанизам и изградба, проект-инженери, претставници од институти за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, архитектура, градежен сектор, механизација и др.
Anfas CityExpo, кој годинава по 4-ти пат ќе се одржи од 17-19 април 2013 година, во својата програма ќе ги прикаже сите национални и меѓународни изложувачи со новите производи и технологии во урбанистичката индустрија која зема се` поголем замав.
На оваа саемска манифестација ќе имате можност да видите понуда на:
• општински возила;
• превозни возила, системи за патарина и преносни системи;
• потрошувачки материјали за општини;
• пејзаж за градинарство и опрема за градско уредување;
• декоративни растенија, алатки и опрема;
• инфраструктура, вода, гас, материјали за изградба на патишта и опрема;
• опрема за соларна и ветерна енергија;
• системи за третман на вода и опрема;
• опрема и материјали за чистење и одржување;
• визуелни системи за звук и светлина;
• опрема за спортски комплекси и спортска опрема;
• безбедност, заштита на здравјето и безбедносни системи;
• компјутерски и информациски системи, автоматизација, хардвер, софтвер;
• е-Општина и др.
Според видот и типот на излагачите, оваа меѓународна изложба е место каде што може да се создаде огромна и ефикасна соработка меѓу пазарите во Европа, Азија и во земјите од Блискиот Исток.
На Саемот ќе учествуваат ексклузивни, меѓународни трговски брендови и познати реномирани компании, кои ќе се претстават со своите најдобри производи, технолошко-урбанистички развојни решенија, дизајни, опрема и услуги.
Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија.
Обезбедени се:
- бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или со 5*);
- локален трансфер и
- бесплатни влезници за Саемот.
Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице).
Стопанската комора на Македонија ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 1.4.2013 година.
Во прилог е Пријавниот лист за посета на Саемот.
Контакт:
Наташа Димеска Стојаноска
Тел: ++ 389 2 3244064
Моб. 070/295-439
Факс:++ 389 2 3244088
E-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.