Соопштенија

Проект „Енергетска Санација на Објекти“

Почитувани,
        
„Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија“ Ве повикува да се вклучите во планираните активности од 25 март - 22 април 2013 г. на проектот „Енергетска Санација на Објекти“ -  при што ќе се реализираат:

 
- отворени денови во Бизнис Салонот на Комората на Мал Бизнис од 25 март - 5 април 2013
- работна посета на изведени објекти за енергетска санација и реконструкција во Р.Словенија 8-10 април 2013 г.
- едно-дневен семинар „Енергетска Санација на Објекти„ во Скопје - 18 април 2013 г.
- двомесечна обука „Енергетски ефикасни системи„ - од 22 април 2013 г.

Целите на проектот се информирање, едукација и консалтинг за:
 
- намалување на потрошувачката на енергија во објектите,
- искористување на обновливи извори на енергија во објектите,
- финансирање на проекти за енергетска санација на објекти
 
Целни објекти се:
- деловни објекти - административни деловни објекти, комерцијални продажни објекти, магацински објекти итн
- јавни објекти - болници, училишта, административни објекти на локалнaта смоуправа, објекти на државна администрација итн.
- туристички и угостителски објекти, хотели, ресторани итн.
- станбени објкети - згради, станбени комплекси, приватни куќи итн.
 
Учесниците во планираните активности, ќе можат да ги промовираат своите проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните кредитни линии на Македонската Банка за Поддршка на Развојот, Комерцијалните Банки и Фондови на ЕУ.
        
ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните учесници можат да се вклучат во една или повеќе од планираните активности:
- отворени денови во Бизнис Салон - 25 март - 5 април 2013 г.
- работна посета во Словенија - 8-10 април 2013 г
- едно-дневен семинар - 18 април 2013 г.
- дво-месечна обука - од 22 април 2013 г.

Ве молиме да го најавите Вашиот интерес за учество со допис на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефон 070 271 901 - контакт лице Слободан Софески за да ви испратиме подетални информации.

 
Со почит,
 

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје
 

tel. (02) 2450 801, 244 8134
fax. (02)2448 240

 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
www.sbch.org.mk