Соопштенија

Известување:„Велигденско јајце“

По повод Христијанскиот празник Велигден, Општина Велес ја организира културната манифестација: „Велигденско јајце“. Манифестацијата ќе се одржи на 29 април (понеделник) од 11 до 13 часот, во Младинскиот парк. 

На манифестацијата традиционално учествуваат учениците од општинските основни и средни училишта, Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“, Државното училиште за деца со посебни потреби „Маца Овачарова“, Детската градинка „Димче Мирчев“ и членови на Здружението на лица со церебрална парализа. Со продажни штандови на манифестацијата за прв пат ќе учествуваат и Активот на жените пензионерки и Организација на жени од Велес.

Од оваа година манифестацијата добива меѓународен карактер.Покрај претставници  од општина Пробиштип, наши гости ќе бидат и делегации од Пустец- Албанија, збратимените градови од Ужице и Сомбор-Србија, Свиштов-Бугарија и Слобозија-Романија. 

Ве очекуваме!