Соопштенија

Запишување на учениците во прво одделение во учебната 2013/2014 година

Согласно член 46  и 47 од Законот за основното образование („Сл. весник на Република Македонија“ бр.103/08 година) и член 10 од Законот за просветната инспекција („Сл. весник на Република Македонија“ бр. 52/05) , им се соопштува на  сите родители дека во месец мај 2013 година ќе се врши упис на учениците во прво одделение во сите општински основни училишта. Запишувањето на учениците во прво одделение е задолжително за сите деца кои се родени од 01.01.2007 до 31.01.2008 година. Задолжителното образование е за децата кои до крајот на  календарската  година ќе наполнат шест годишна возраст.

Сите општински основни училишта се должни да вршат упис согласно местото на живеење на ученикот. Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон, во согласност со член 19 и 46 став 5 од Законот за основното образование и Одлуката за утврдување на реоните број 0701-2035/6 на Советот на Општина Велес.

Родителот, односно старателот на детето е должен да го запише детето во основно училиште и е одговорен за неговото редовно посетување на наставата.

При запишувањето  во прво одделение во училиштето треба да дојдат родителот или старателот заедно со детето. Задолжително со себе да понесат извод од матичната книга на родените и потврда за примените задолжителни вакцини за детето.

Бројот на учениците во планираните паралелки ќе се утврди најдоцна до 28 јуни 2013 година од Советот на Општина Велес, и мора да е во согласност со член 41 став 4, 5 и 6 од Законот за основното образование („Сл. Весник на Р. Македонија“ бр.103/2008).

Подетални информации може да се добијат од педагошко -психолошките служби во општинските основни училишта.

Со почит,
Општина  Велес