Соопштенија
СООПШТЕНИЕ за стручна расправа за Нацрт Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Велес дел од урбана единица 1, блок 1А и 1Б - Општина Велес
Врз основа на член 23 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/1, 144/12, 55/13), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
СТРУЧНА РАСПРАВА
за Нацрт Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Велес дел од урбана единица 1, блок 1А и 1Б - Општина Велес
Границите на планскиот опфат се следните:
• од СЕВЕР - границата на градски градежен реон по постоен ГУП на град Велес;
• на ЗАПАД - оска на планирана улица”6” предвидена со постоен ГУП на град Велес
• на ИСТОК - границата на Блок 1Б дефиниран со постоен ГУП на град Велес
• на ЈУГ - граница на Блок 1Б дефиниран со постоен ГУП на град Велес
Вака дефинираниот простор за изработка на наведениот плански документ зафаќа површина од 45ha.
Нацрт Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Велес дел од урбана единица 1, блок 1А и 1Б - Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 13.05.2013 – 31.05.2013 година година секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Стручната расправа ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 22.05.2013 година (среда) со почеток во 12.00 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев