Соопштенија
Oдбележување на денот на пожарникарството
Почитувани,
По повод одбележувањето на денот на пожарникарството на РМ, Општина Велес и ТППЕ – Велес Ве покануваат на манифестацијата што ќе се одржи по тој повод на 20-ти мај 2013 година на плоштадот С'рмаале со почеток во 12:30 часот
12:30 – обраќање на градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев
12:40 – доделување на сертификати и благодарници
12:50 – практични вежби на вработените во ТППЕ
Го очекуваме Вашето присуство.
Со почит,
Општина Велес