Соопштенија
Соопштение за јавност - второ авионско третирање против комарци (цело градско подрачје, МЗ с.Отовица, МЗ Сујаклари)
Општина Велес ја информира јавноста дека ќе се спроведе второто авионско третирање против комарци на ден 14.06.2013 год. (петок) со почеток од 05.00 часот до 06.30 часот.
Границата на третирањето започнува на исток од Башино Село, преку автопатот Скопје-Велес до патниот јазол за приклучување на патот за Штип, преку автопатот Скопје – Гевгелија, се до кланицата АГРИА.
На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“, Башино Село и Езеро Младост.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.
Ве молам соопштението да го емитувате во периодот од 11.06.2013 (вторник) до 13.06.2013 година (четврток).
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев