Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - ЛУПД КО Башино Село
Врз основа на член 69 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12), Општина Велес ја информира јавноста дека локална урбанистичка планска документација за КП 1020, КП 1023, КП 1026 КО Башино Село Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на локална урбанистичка планска документација за КП 1020, КП 1023, КП 1026 КО Башино Село Општина Велес се достапни за увид на заинтересираната јавност.
Локална урбанистичка планска документација за КП 1020, КП 1023, КП 1026 КО Башино Село Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на локална урбанистичка планска документација за КП 1020, КП 1023, КП 1026 КО Башино Село Општина Велес се достапни за увид на заинтересираната јавност ќе бидат изложени во Граѓанскиот сервис центар од 19.06.2013 – 19.07.2013 година секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Целата документација ќе биде достапна и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk.
Информации на телефон 043 232 406.
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на локална урбанистичка планска документација за КП 1020, КП 1023, КП 1026 КО Башино Село Општина Велес ќе се одржи на ден 01.07.2013 година (понеделник) со почеток во 13.00 часот во просториите на Општина Велес.
Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев