Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - ГУП КП 16908

Врз основа на член 69 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12), Општина Велес ја информира јавноста дека Детален урбанистички план за Г.П. 39.1 од Генерален урбанистички план на град Велес, УЕ VII, УБ 39, КП 16908, КО Велес, Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на Детален урбанистички план за Г.П. 39.1 од Генерален урбанистички план на град Велес, УЕ VII, УБ 39, КП 16908, КО Велес, Општина Велес се достапни за увид на заинтересираната јавност.

Детален урбанистички план за Г.П. 39.1 од Генерален урбанистички план на град Велес, УЕ VII, УБ 39, КП 16908, КО Велес, Општина Велес и Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на Детален урбанистички план за Г.П. 39.1 од Генерален урбанистички план на град Велес, УЕ VII, УБ 39, КП 16908, КО Велес, Општина Велес се достапни за увид на заинтересираната јавност ќе бидат изложени во Граѓанскиот сервис центар од 19.06.2013 – 19.07.2013 година секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.

Целата документација ќе биде достапна и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk.
Информации на телефон 043 232 406.
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.

Јавната расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанија врз животна средина на Детален урбанистички план за Г.П. 39.1 од Генерален урбанистички план на град Велес, УЕ VII, УБ 39, КП 16908, КО Велес, Општина Велес ќе се одржи на ден 01.07.2013 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во просториите на Општина Велес.

Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев