Соопштенија
Mожности за финансиска поддршка - Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Со цел да се овозможи поголема достапност и понуда на информации за заинтересираните граѓани и корисниците на финансиска поддршка, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на ден 27 јуни 2013 година (четврток), со почеток во 10:30 часот, во големата сала на Општина Велес ќе ги презентира можностите за финансиска поддршка.
Општина Велес ги поканува сите претставници на локалните заедници заинтересирани подетално да се запознаат со можностите за финансирање и поддршка, да присуствуваат на средбата со претставниците на Агенцијата.