Соопштенија

Соопштение - градежни работи на мостот на Вардар кај Башино село

Се известуваат жителите на Општина Велес дека за реализација на Основниот проект за водоснабдување на локалитетот Езеро Младост од градскиот водоснабдителен систем дека од 11.07.2013 година ќе се изведуваа градежни работи на мостот на реката Вардар кај Башино село. За време на изведување на градежните работи сообраќајот ќе се одвива по едната сообраќајна лента, со наизменично пропуштање на возилата од 07 часот до 17 часот. Времетраењето изведување на градежните работи ќе биде од 11.07.2013 година до 25.07.2013 година.

Со почит!
Општина Велес