Соопштенија

Дневен ред за 6-та седница на Советот на Општина Велес

Република Македонија
Совет на Општина Велес
Број 07-4679/1
08. 07.2013 година
Велес

Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ" бр.5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес" бр.12/06, 03/09 и 18/10), донесувам

РЕШЕНИЕ
за свикување на 6-та седница на Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 15.07.2013 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 10:00 часот.

За седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог-одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за дел од УБ 45, во УЕ 8-Општина Велес
2. Предлог-одлука за утврдување на Нацрт изменување и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Велес локалитет станбена единица МЗ Алексо Демниевски (дел) дел од УЕ 7, дел од УБ 43 КО Велес, Општина Велес.
3. Предлог-одлука за финансиска поддршка на Општина Велес при аплицирање на проект „Еколошка кампања и монтирање на соларен систем за топла санитарна вода на Спортската сала Гемиџии“ – Велес.
4. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на Урбанистички планови во Општина Велес за 2013 година.
5. Предлог-решение за прифаќање на Иницијатива за Изменување и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Велес за локалитет - станбена единица М.З. “9ти Ноември” (дел) дел од УЕ 6, дел од УБ 36, КО
Велес, Општина Велес.
6. Предлог-решение за формирање на Совет за јавно здравје и определување членови за подрачјето на Општина Велес.
7. Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес
8. Извештај за извршена дератизација на град Велес со дезинсекција и дератизација на општинската зграда.
9. Информација за започнување на постапката за дислокација на диво поставените автокампови на езеро Младост.
10. Информација за број на запишани деца во општинските основни училишта за 2013/2014 година.

Со почит,

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес
Александар Колев с.р.