Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ - отстранување на гаражите спроти Трговскиот центар
Општина Велес ги известува сопствениците на гаражите кои се наоѓаат на спојот од улица Борис Трајковски со улица 11-ти Октомври (спроти Трговски центар, кај плочата) дека на овој простор ќе започне со партерно уредување и изградба на пристапна патека. Поради тоа потребно е сопствениците на гаражите во најкраток рок истите да ги отсранат од овој простор. Доколку не го сторат тоа надлежните инспекциски служби од општината согласно Законот за градење ќе превземат соодветни мерки во склад со нивните овластувања и надлежности.