Соопштенија
„Топол културен бран“ со Синтезис
Продолжува реализацијата на проектот на Министерството за култура и Општина Велес „Топол културен бран“.
Ве покануваме на неповторливо уживање со звуците на богатиот македонски фолклор во изведба на Македонската музичка етно група Синтезис.
Целовечерниот концерт ќе се одржи во амфитеатарот на Младинскиот парк на 28-ми јули (недела) со почеток во 21:00 часот.
Традиционалните звуци со современи аранжмански решенија ќе прозвучат низ македонски традиционални инструменти – кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука, тамбура, а уникатната звучна слика, покрај современите клавијатурни инструменти, ќе ја надополнат и три ангелски гласови во духот на женското групно пеење од старата македонска селска традиција.
Влезот е слободен за сите посетители.
Со почит!
Општина Велес