Соопштенија
ОБЈАВА - Повик за прибирање на понуди (Проект за Подобрување на Општински Услугите - МСИП)
Република Македонија
Проект за Подобрување на Општински Услугите - МСИП
Кредит Бр. 7699-МК
MSIP-NCB-028-12
1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена електронски на 06 Јануари, 2010 година.
2. Република Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за реконструкција уличното осветлување во општина Велес.
3. Општина Велес ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат реконструкција уличното осветлување во општина Велес.
4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, јануари 2011, и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:
Општина Велес
Адреса: ул. Панко Брашнар бр. 1, Велес
Поштенски фах: тел: 043 232 406 / факс 043 232 966
Електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Република Македонија
6. Бараните квалификации вклучуваат:
Финансиска ситуација:
Минимален просечен годишен обрт од 65.000.000,00 МКД како примени исплати од договори кои се во тек или завршиле во последните три години.
Општо искуство:
Најмалку три (3) успешно завршени договори во последните 3 години за слични работи во градежни проекти за реконструкција системи за улично осветлување.
Максималниот процент за подизведувачи изнесува: 10%. Повеќе детали во однос на потребните квалификации се обезбедени во тендерската документација.
7. Комплетна Тендерска документација на македонски јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмено апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 4,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:
a) За плаќање во денари:
Име на крајниот корисник: Трезорска Сметка
Банка депонент: Народна Банка на Република Македонија
Број на Трезорска Сметка: 100000000063095
Буxетска корисничка сметка: 711014100963010
Приходно конто: 725939
Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Велес.
8. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, пладне на 12 септември, 2013. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, пладне на 12 септември, 2013.
9. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 650.000,00 МКД.
10. Адреса:
Општина Велес
Адреса: ул. Панко Брашнар бр. 1, Велес
Поштенски фах: 1400
Република Македонија