Соопштенија

Колонијата „Папрадишки мајстори“ отворена за гости во куќата на Касапови и Џинот

Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“ во организација на Општина Велес добива отворен карактер и граѓаните ќе можат секој ден од понеделник до сабота во периодот од 18-20 часот да присуствуваат во куќите на уметноста (куќата на Касапови и на Џинот) и ќе имаат несекојдневна можност го да видат процесот на создавањето на уметничките дела на сликарите, копаничарите, скулпторите и графичарите и да ја доловат симбиозата на уметноста и староградската велешка архитектура. Целта на овие активности е да се промовираат објектите кои се типични претставници на автентичната староградска велешка архитектура како нов културен простор и домови на уметноста.