Соопштенија

Смотра на староградски македонски песни

Почитувани сограѓани
 
Празнувањата во чест на 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија ќе продолжат на 6.09.2013 година со Смотра на староградски македонски песни. На овој традиционален концерт ќе земат учество ансамбли од Радовиш, Гевгелија, Валандово, Струмица и велешката група „Распеани велешани“. Ве покануваме да присуствувате на овој празничен и несекојдневен настан во нашиот град.

Со почит!
Општина Велес